Како да купам

Услови и правила за купување

Adziko.mk е интернет продавница кој ви овозможува избор на повеќе од 20.000 производи достапни за достава. Процесот за купување и достава на производите е објаснет подолу:

Избор на производи

Направете избор на саканите производи со додавање во кошничката. Количината може да ја одредите со притискање на копчето Додај во Кошничка (со што се додава едно парче) и дополнително да ја зголемите со пристикање на копчето Плус на истата страница или во самата кошничка. Количината може да се намали со притискање на копчето Минус на истата страница или во самата кошничка. Производите може да ги најдете користејќи го пребарувачот во горното мени или со листање низ категориите. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР. Купувачот може да ја откаже, дополни или измени нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.

Производот/те се резервирани за испорака по добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот.

Примена нарачка

По извршената наплата, нарачката е примена и се подготвува за доставување. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата на електронската пошта која ја имате наведено, за потврда на нарачката. E-mail пораката содржи број и датум на нарачката, вид, количина, поединечна и вкупна цена на нарачаните производи, начин на плаќање, начин и време на достава и податоци за купувачот како и адресата за достава.

Доставуваме до вашиот дом

Подготвената нарачка ќе биде доставена на наведената адреса за испорака. Ќе добиете известување на e-mail за статусот на вашата нарачка.

Цените на сите производи на www.Adziko.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР нема да сноси одговорност во случај на грешно изразен ДДВ на одредени производи што нема да влијае на конечната цена на производот што купувачот ќе ја плати.

АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на друштвото, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР гарантира дека секој производ објавен на интернет страницата www.Adziko.mk има соодветна декларација согласно законските прописи. Поради технички причини, декларацијата за производ објавена на www.Adziko.mk може да биде различна од актуелната декларација која ја носи самиот производ.

Производите кои се дел од одредена акција или се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини постои можност да не бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани. АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР го задржува правото да ја одбие секоја нарачка во услови кога купувачот ги нарушува правилата на планираната акција или промоција.

АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР го задржува правото да го измени времетраењето на секоја акција или промоција на производи во секое време.

АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР не одговара за евентуални мали измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалната веб страна. Фотографиите од производите прикажани на веб страницата www.Adziko.mk се од информативен карактер и може да се разликуваат од реалниот изглед на производите.

Секој корисник сноси целосна одговорност за своите активности при користењето на www.Adziko.mk. Исто така, секој купувач се согласува да го обештети и нема да го смета за одговорен АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР, нејзините одговорни лица и вработените за сите побарувања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од противзаконското користење и прекршувањето на Општите правила и услови за користење на платформата www.Adziko.mk од страна на купувач или друг корисник.

Регистрација на купувач

Adziko.mk е интернет платформа кој може да ја користат сите физички и правни лица согласно овие Општи правила и услови.

Купувачот кој сака да стане регистриран корисник на www.Adziko.mk потребно е по одбирањето на производот/ите и нивно ставање во кошничката за купување, да ги внесе деталите за нарачка и да дали одбере неговите податоци да се запомнат и да се регистрира на www.Adziko.mk.

Регистрираниот корисник со пополнување на податоците на www.Adziko.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува, вклучувајќи ги и личните податоци. АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР го задржува правото да ги провери информациите поднесени при регистрација на корисник со цел да се провери нивната веродостојност.

Правото на користење на www.Adziko.mk е лично на купувачот и не е преносливо на кое било друго лице. Купувачот има право да ја користи платформата www.Adziko.mk и производите/услугите обезбедени од АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР само како краен корисник, за негова сопствена употреба. Овозможување на комерцијална употреба од страна на трети лица или препродажба на производите/услугите од страна на купувачот на трети лица со цел остварување на заработка за купувачот или за трето лице е забрането, освен доколку е склучен посебен договор со АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР. Прекршувањето на оваа обврска ќе биде санкционирано согласно важечките прописи, при што АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР има право веднаш да го прекине деловниот однос со купувачот и да го ограничи/прекине користењето на www.Adziko.mk.

Начин на плаќање

Плаќањето за производите/услугите на АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР купени преку www.Adziko.mk може да се изврши на еден од подолу наведените начини:

Плаќање со платежна картичка; и

Плаќање со уплата на банкарска сметка.

Плаќање со платежна картичка

Електронското плаќање на нарачаните производи е овозможено преку Комерцијална Банка АД Скопје, при што поддржани се сите VISA, MasterCard, Maestro или Diners платежни картички, како и картичките од домашните брендови.

Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. При плаќањето со платежна картичка, авторизацијата се врши автоматски онлајн преку системот на CaSys. По успешно извршената авторизација, Корисникот добива потврда за извршено успешно/неуспешно плаќање по пат на e-mail и/или СМС. За правни лица, при внес на податоци за доставата, потребно е да се внесе називот на правното лице за да се добие потпишана фактура за плаќањето.

Податоците поврзани со платежната картичка на купувачот или неговата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска. АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР не ги собира гореспоменатите податоци и нема пристап до информациите поврзани со платежната картичка или сметката во банка.

АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР под никакви околности не презема одговорност за штета заради неовластена трансакција односно неовластено користење на личните податоци на купувачот за време на реализација на електронското плаќање.

АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на купувачот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка, односно доколку од било кои причини истата е злоупотребена или искористена без знаење и/или согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР нема обврска да изврши поврат на уплатените средства.

АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР нема да сноси одговорност за било која предизвикана штета која би можела да настане како резултат на техничка грешка која настанала пред/во/по моментот на користење на електронските услуги, и врз која АЏИКО ХОУМ ЦЕНТАР немал увид и контрола.

Плаќање со уплата на банкарска сметка/профактура

Плаќањето со уплата на банкарска сметка може да се изврши од страна на физичко или правно лице од сите банки регистрирани на територија на Република Северна Македонија со соодветен налог за трансфер нa средства по извршената онлајн нарачка.

По потврда на уплатата ќе добиете e-mail со фактура за вашата нарачка. При доставата ќе добиете и потпишана фактура.