АЏИКО ДООЕЛ Штип е семејна компанија основана 1992 година и се занимава со трговија на големо и мало со различни категории на производи. Во делот на големопродажба соработуваме со над 300 клиенти од различни категории на бизниси, додека во делот на малопродажба располагаме со 4 (четири) салони за малопродажба
1 Штип – ГТЦ
2 Гевгелија – стоковна куќа центар
3 Куманово
4 Скопје – Газибаба, Супер Тинекс Годел
секој со над 1000м2 и со понуда од преку 20 000 различни производи од повеќе категории, како што се: производи за домаќинството, украси, градинарска програма, електрични апарати, рачни и електрични алати, текстилни производи, детски играчки, опрема за бебиња, теписи, санитарна опрема, плочки, ламинатни подови, завеси итн.