Услови за замена и враќање на производ

 

Со купување на производ од Аџико вие се согласувате со општите услови за достава замена и враќање на производи.

 

Достава


Производите нарачани во оваа web-продавница ќе Ви бидат испорачани преку некоја од нашите партнерски компании за курирска достава. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани во период од 2-5 дена.

 

Замена на производ


Купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет во рок од 10 дена од денот на нарачка со случај производот да не одговара во однос на формата, тежината, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини.
Замената се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и сметко потврдата.
Замената се врши при достава на новиот производ.

 

Враќање на производ


Постои можност за враќање на производот во просториите на компанијата во рок од 10 дена по купувањето. Трошокот за поврат е на сметка на купувачот. Производот може да биде вратен само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување. По враќањето на производот корисникот може да добие поврат на средствата со предходно известување на [email protected]