Услови Аџико Клуб

Аџико Клуб – Правила на членство

Со купување на Аџико Клуб картичка картичката согласни сте дека сте запознати со правилата за членството и се обврзувате дека истите ќе ги почитувате.

Попустите добиени по различни основи не се собираат. Купувачот може да одлучи, односно да одбере која од понудите ќе ја користи.

  • Издавачот на Клуб картичката, Аџико ДООЕЛ, ул. Маршал Тито 37/11, 2000 Штип, ќе Ви ја испрати картичката на приложената адреса со вашите лични податоци (истите кои што се наведени и при самото купување на членството). Картичката се издава бесплатно, предмет на наплата е надоместокот за годишна членарина.
  • Членството во клубот, кое што ви носи одредени предности, е ограничено на 1 или 2 години во зависност од членството, истото започнува да важи на денот кога е извршена уплатата. Членството може да се продолжи во период од најрано 2 месеца пред истек на истото, а најдоцна до истекот. Условите и начините на продолжување се дефинирани од издавачот.

Клуб картичката се издава за членство со важност од 2 години. Доколку ви се потребни дополнителни информации или имате прашања, ве молиме да се јавите на 032 386 696.

  • По истекот на членството веќе немате можност да ги користите предностите кои што претходно сте ги имале од истото. Преостанатите ваучите, поени, и останати неискористени предности престануваат да важат кога престанува и важноста на членството или рокот означен на истите.
  • Предностите од членството може да се ги користи носителот на картичката како и членови на семејството (сопруг/а; партнер/ка; брат/сестра; ќерка или син), со приложување на картичката или документ за идентификација (за проверка). Производите можат да бидат доставени единствено на адресата приложена како адреса на живеење при станувањето на член на клубот, и треба да бидат платени во истиот момент на достава. Доколку има било каква промена на вашите лични податоци, Ве молиме да нè известите во истиот момент кога таа ќе настане, како би биле во можност полесно да ви ги овозможиме предностите од Вашето членство. За да се искористат роденденските предности (попусти, ваучери и сл) задолжително е при купување на членството да се приложи датата на раѓање на носителот на членството.
  • Клуб картичката може да се користи за производи кои што се претходно дефинирани со Клуб цени, односно понуди. Попустите не се кумулативни (попустите здобиени по различни основи не се собираат – купувачот одбира кој попуст ќе го користи).
  • Аџико ДООЕЛ го задржува правото да ја одземе или прогласи за неважечка Клуб картичката доколку се утврди дека истата е злоупотребена. Предностите на Клуб картичката се однесуваат на носителот и неговото семејство, но не и на трети лица. Ваучерите, подароците и користењето на поени може да се користат само од страна на носителот на картичката со приложување на истата заедно со документ за лична идентификација.
  • Аџико ДООЕЛ, како издавач на членството, го задржува правото да ги менува Клуб картичката правилата. Доколку дојде до евентуални промени на правилата, истите ќе бидат објавени на www.adziko.mk. Ако ја користите клуб картичката по промена на правилата значи дека се сложувате со истите.
  • Доколку дојде до губење на картичката, истото треба да се пријави на телефон 032 386 696, или пак на адресата на Аџико ДООЕЛ. Во период од 30 дена по примањето на пријавата, картичката ќе ви биде обновена на трошок на издавачот и ќе ви биде издадена нова. Сопственикот на картичката може да ги користи предностите од членството веднаш по примањето на новата клуб картичка.